Лицата со попреченост тешко стигнуваат до правдата

Лицата со попреченост и со оштетен вид имаат тежок пристап до правдата. Можат да влезат во десетте судските палати во земјава , но за да пристигнат до судниците или до канцелариите на обвинителите и на судиите  пред себе наоѓаат низа на пречки, покажа истражувањето на Коалицијата Сите за  правично судење и УСАИД. Основниот суд Скопје два и во Струга немаат ниту судници на првиот кат, додека во Гостивар и во Охрид имаат само по една судница.

Во пет судови има лифтови, но во четири нема, какошто е примерот и со судската зграда во Штип.

Лицата со инвалидски колички немаат пристап  до граѓанскиот оддел во Основниот, но и до апелацискиот и основното и вишо јавно обвинителство,  бидејќи се наоѓаат на погорните катови. Судиите и обвинителите во вакви случаи мора да се сноаѓаат и да соработуваат, утринава имале таков пример, учесници во тешка сообраќајна несреќа, кои се движеле со помош  на  патерици изјавите морале да ги даваат на првиот кат.

Но, најтешко им е на слепите лица. Ниту еден од судовите не е во можност да обезбеди препис на документи на Браилово писмо,вклучувајќи ги тука и пресудите, што неминовно ги доведува лицата со оштетен вид во далеку понеповолна положба од останатите групи кои се јавуваат пред судот, покажа истражувањето на  коалицијата Сите за правично судење.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ