Лицата со попреченост се уште чекаат на државата за да живеат нормален живот

Лицата со попреченост се уште чекаат на државата, за да водат нормален живот. Нема адаптирани тоалети за нив. Нема ниту звучни семафори насекаде туку само во поголемите места. Толкувачите на знаковен јазик иако се неопходни, сепак се дефицитарни. Од Сојузот на лица со телесен инвалидитет пред дел од владиниот кабинет си ги кажаа секојдневните проблеми, во очи на Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Колку често во јавноста се говори овие проблеми на лицата со попреченост истражувале од Институтот за медиуми. Не се задоволни од заклучоците што ги донеле.

Од Владата сигурни се во своите планови. Клучниот елемент, образованието на лицата со попреченост ќе биде реформирано за најмногу шест години од сега, убеден е министерот за образование и наука Адеми.

Според статистиките на Светска банка околу 15 проценти од светската популација се соочува со некаква попреченост. Голем дел од нив се соочуваат со различни бариери уште од најрана возраст, а со тоа се занимаваат и во канцеларијата на Народниот правобранител кај нас, каде што регистрираат какви се условите во градинките и дали некаде се одбиени децата заради нивната попреченост.

Петар Догов

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ