Лидерска средба за СЈО?

Заев и Дескоска се консултираат, Мицкоски тактизира, Јанева не отстапува. Преговорите за СЈО го заглавија Законот за јавно обвинителство.

Засега никој не отстапува од позициите, а на повидок е и лидерска средба.

За секој случај, премиерот преговара и со БЕСА, Алијанса за Албанците и осумтемина пратеници од независната пратеничка група. Од ВМРО ДПМНЕ, пак, велат дека остануваат на нивните барања.

За министерката за правда, не се прифатливи барањата, законот да биде испратен во Венецијанската комисија пред изгласувањето и да запрат  сите истраги отворени по 1 јуни 2017.

Ова е неприфатливо и за специјалната обвинителка, Катица Јанева, која, пак, изјави и дека никој не може да ја смени до септември, кога и завршува мандатот, а и по тоа, повторно ќе се кандидира за истата позиција.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ