Лидерска средба без договор

Пропадна обидот на власта и опозицијата за договор за законот за јавно обвинителство. По 7 часовни преговори и едните и другите излегоа со спротиставени ставови и меѓусебни обвинувања. Премиерот Заев го обвини Мицкоски дека инсистирал сите предмети на СЈО, па дури и оние 17 кои се во постапка да ги преземе новоформираното обвинителство за гонење висока корупција чиј шеф ќе го предложи опозицијата. Тука се активирала црвената линија.

Мицксоки го тврди спротивното, Заев барал амнестија за своите сопартијци и не дозволувал случајот „Рекет“ да го води новото обвинителство.

Упатија обвинувања и кон кого води истрагата „Рекет“.

Иднината на обвинителите од СЈО е веќе обезбедена, односно тие ќе се вратат во своите матични обвинителства каде претходно работеле. План Б повеќе нема. Предметите на СЈО ги презема државниот обвинител и тие ќе се процесуираат. Партиите оставаат мала можност во наредниот период да се остават отворени вратите за нови преговори доколку има отстапки и нови предлози.

Доколку до 15 септември не се донесе Законот за јавно обвинителство тоа може негативно да се одрази и  на добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ