Лични интереси стојат зад писмото на ИВЗ со заканите, смета Заев

Лични интереси стојат зад писмото на ИВЗ со заканите, смета Заев. Зад писмото на ИВЗ гледам лични интереси, оцени премиерот Заев и вели дека нема да влијае врз постапки за денационализација или судски постапки за имот, како што стоеше во писмото на ИВЗ до владата од 12-ти март, обелоденето минатиот петок.

Од ИВЗ и натаму официјален молк, оставаат својата страна да ја соопштат утре на пладне на средба со новинари.

ИВЗ преку писмото ја обвини владата дека ја фаворизира МПЦ и се закани дека од 700 џамии во пресрет на претседателските избори ќе се соопштат неправдите. За неправда го сметаат спориот процес на денационализација и успорувањето на реконструкција на три џамии платени со странски донации. Владата негираше, а денеска и Заев повтори дека во државата која е мултиетничка и мултиконфесионална нема простор за фаворизирање на некој туку еднаков аршин за сите.

ДУИ преку партискиот лидер и вицепремиерот Бујар османи побараа дијалог иако Али Ахмети сметаше дека не станува збор за сериозен проблем во функционирањето на верската заедница. ИВЗ се жалеше и на лош однос на државните органи, иако не наведе на кои мисли.

Во моментот обвинителството има предмет за обновата на минарето во Охрид кое се одвива спротивно на одлуки и планови на надлежните институции, но исто така од декември УЈП врши проверка на финансиските даночни пријави во ИВЗ и МПЦ.

Нема детали дали нешто е откриено, но од ИВЗ потенцираа дека треба да се знае дека заедницата работи согласно законот за правна положба на верските заедници со кој е овозможено независно прибирање на средства од регистрираните религиозни групи. К

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ