Лекарите пред пезија, а нема кој да ги наследи

Струмичката болница забрзано прима нови лекари и испраќа на специјализацијаза да се намали притисокот од пациентите поради нeдостатокот нa специјалисти во речиси сите одделенија. Директорот на болницата доктор Наќе Гогов вели дека се екипираат и се трудат да ги покријат сите области, откако десетина специјалисти за само неколку месеци заминаа во приватните клиники.

Струмичката болница има околу 50 специјалисти а за норамлно функционирање им недостигаат најмалку дваесетина. Во меѓувреме привршува внатрешното уредување  на новиот крак каде ќе биде сместен Ургентен центар и сите болнички одделенија.

Министерството за здравство вети дека по реконструкцијата на новиот крак ќе обезбеди 3 милиони евра за опрема.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ