ЛЕБРОН ЏЕЈМС СО 32,311 ПОЕНИ Е 4.СТРЕЛЕЦ ВО НБА ИСТОРИЈАТА

Лејкерс  претрпеа  уште еден пораз на домашен терен од тимот на Денвер,синоќа од  99-115 .

35 неуспехот на „Eзерџиите“  сезонава со кој паднаа на 11 место на Западната конференција, остана во втор план на историскиот момент  во „Стејплс центарот“.

 

Леброн Џејмс успеа да го престигне   Мајкл Џордан на вечната листа стрелци  со што се проби  до  четвртото место зад Коби Брајант, Карл Мелоун и водечкиот, Карим Абдул Џабар.Џејмс постигна 31 поен во поразот од Денвер и ја мина бројката од  32.292 поени во кариерата со што ја остави зад себе според многумина најдобриот кошаркар на сите времиња.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ