ЛЕ:ШКЕНДИЈА ЕЛИМИНИРАНА ВО 2.КОЛО КВАЛИФИКАЦИИ

Натпреварот  на стадионот  Жози Бартел во Луксембург беше и последниот настап летово за Шкендија  во евро квалификациите.Дуделанж и македонскиот орвак  одиграа 1-1 на реваншот .Екипата од Луксембург  ја одбрани залихата од 2-1 во Скопје и се пласираше во 3.коло квалификации.После пропуштените  шасни  на тетовци  во првото полувреме,казната стигна од Делгадо  кој погоди за Дуделанж во 78.минута.Изедначи  Агим Ибраими од слободен удар во 92.минута. Шкендија го заврши мечот со три црвени картони.Во финишот беа исклучени Муслиу, Нафиу и Агим Ибраими. Македонскиот првак претходно доживеа елиминација во првото коло квалификации за Лигата на шампионите, откако загуби од естонскиот тим Номе Каљу.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ