Лазаров: Со мудра игра до голема победа

Македонската ракометна репрезентација на гостувањето во Рејкјавик го совлада Исланд и направи голем исчекор кон уште еден пласман на големо натпреварување.

“Секогаш велам, Македонија е ’инфицирана’ со ракомет. Треба да гледаме напред, имаме иднина, се прават одлични работи и во младинскиот ракомет. Штоп се однесува до овој меч, голем триумф за нас. Морам да кажам дека користевме и од ’работите’ на Раул Гонзалес, иако не сакам да ја омаловажам дебитанската победа на новиот селектор Данило Брестовац кој не остави да играме. И Одигравме мудро, како што се договоривме, а сега треба да бидеме уште подобро подготвени за реваншот в недела во Скопје, затоа што Исланд можеби сега и не потцени. Сигурен сум дека во Скопје ќе видиме уште посилен Исланд”, изјави по натпреварот капитенот на нашата селекција Кире Лазаров.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ