Лазаров: Победите ни даваат уште поголема самодоверба

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е презадоволен од почетните две победи на ЕП.

„Имаме старт од соништата на едно првенство. Победени се квалитетни ривали Словенија и Црна Гора. Особено е добро што ги решивме во последните минути, а со тоа покажавме дека имаме самодоверба. Кога победуваш вакви дуели и заморот исчезнува и присутни се позитивни мисли. Цврсто стоиме на земја. Германија е квалитетна, но дуелот нивни со Словенија покажа дека може квалитетно да се носиме.Задоволен сум што ростерот се зголемува, добиваме нови играчи на кои ривалот треба посебно да внимава сега и затоа им е потешко“, потенцира Лазаров.

Македонија со 4 бода е лидер во Ц-групата и утре од 18:15 часот со Германија ќе се бори за првото место.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ