ЛАЗАРОВ МЕЃУ ДЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ ВО 2018

Европската ракометна федерација  го номинираше Кире Лазаров во најтесниот избор за ракометар на годината.Искусниот десен бек на возраст од 38 години имаше одлична сезона.Перфектна прва фаза на ЕП во Хрватска каде Македонија го освои 1.место во конкуренција на Германија,Словенија и Црна Гора а на клупски план со Нант,рекордерот на  Светските и Европски шампиони  по бројот на постигнати голови, играше финале на Ф4  турнирот во ЛШ против  Монпеље . Покрај Лазаров, во  изборот се номинирани  и  поранешните вардарци Арпад Штербик и Алекс Душебаев како и  Недим Ремили, Сандер Сагосен, Сирил Думулан, Винсен Жерар, Диего Симонет, Анди Шмид и Бјарте Мирхол.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ