Лазаров, Борко, Стоилов- Брестовац одбра со кои 18 ќе се бори на Европското првенство

На голот Борко Ристовски и Никола Митровски, во напад легендарниот Кире Лазаров, на крила Манасков и Георгиевски, а на линијата од 6-те метри бескомпромисниот и актуелен европски клупски шампион Столе Стоилов. Селекторот Данило Брестовац го соопшти конечниот список од вкупно 18 ракометари кои во црвено-жолтиот национален дрес ќе атакуваат кон врвот на Европското првенство што започнува утре (ексклузивно преносите на македонската репрезентација и сите останати возбудувања ќе се емитуваат на ТВ Телма).

Во тимот има 8-мина ракометари од домашните клубови, 4-ца од германската Бундес лига, двајца од француската лига и по еден репрезентативец од португалски, унгарски, романски и од австриски клуб.

Место на списокот не обезбедија долгогодишниот репрезентативец Велко Маркоски поради повреда на окото и Никола Костески.

Првиот меч Македонија го игра против Украина на 10-ти јануари во вечерниот термин во групата во Виена. Телма ќе го емитува директниот пренос од првиот натпревар на репрезентацијата како и целото ЕП 2020.

Репрезентативниот дрес ќе го облечат:

1.РИСТОВСКИ БОРКО- SL BENFICA (POR)

2.МИТРЕВСКИ НИКОЛА-РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

3.ТОМОВСКИ МАРТИН –TSG LUDWIGSHAFEN-FRIESENHEIM (GER)

4.МАНАСКОВ ДЕЈАН- TELEKOM VESZPREM HC (HUN)

5.МАЏОВСКИ БОЈАН- РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

6.ТАЛЕСКИ ФИЛИП- HBV BALINGEN-WEILSTETTEN (GER)

7.КУЗМАНОВСКИ ФИЛИП- SC MAGDEBURG (GER)

8.КРСТЕВСКИ ГОРАН- HC LINZ (AUT)

9.ВЕЛКОВСКИ МАРТИН -РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

10.ЛАЗАРОВ КИРИЛH- BC NANTES (FRA)

11.СЕРАФИМОВ МАРТИН- РК МЕТАЛУРГ

12.ТАНКОСКИ МАРИО –РК МЕТАЛУРГ

13.МИШЕВСКИ МАРКО -HC GRENOBLESMH METROPOLE ISERE(FRA)

14.ГЕОРГИЕВСКИ ГОЦЕ- CSM BUCURESTI (ROU)

15.ПОПОВСКИ МАРТИН- РК ПРОЛЕТ 62

16.СТОИЛОВ СТОЈАНЧЕ- РК ВАРДАР

17.ПЕШЕВСКИ ЖАРКО- TV BITTENELD 1898/ TVB STUTTGART (GER)

18.МАРКОСКИ НИКОЛА- РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ