Лавров: „Турски поток“ ќе продолжи кон Европа само со „железни гаранции“ од ЕУ

Бугарија е решена да ја преразгледа можноста за приклучување на гасоводот „Турски поток“, но Русија ќе ја продолжи трасата кон Европа, само доколку добие „железни гаранции“ од Европската комисија дека проектот нема да биде уништен, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој нагласи дека засега во план е изградба само на првата линија од гасоводот директно до Турција.

– Втората линија ќе се гради само ако добиеме „железни гаранции“ од Европската комисија дека нема да ни го сврти истиот број, како што се случи со Бугарија за „Јужен поток“. Ќе бидеме подготвени за секоја варијанта, но само ако има стопроцентна гаранција од Еврокомисијата дека изградбата нема да биде блокирана, нагласи Лавров

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ