Ласло Трочајни: Не можеме да екстрадираме некого во земја со веродостојни закани

„Ако некој добие статус на бегалец, тогаш добива т.н. бегалски сертификат, може да добие патни исправи, па тогаш може слободно да се движи. Секој кој добил статус на бегалец, според меѓународните регулативи на ЕУ, има право на слободно движење“, изјави унгарскиот министер за правда за Ласло Трочајни во интервју за ТВ ЕХО.

На прашањето дали донесената одлука за азил за Груевски е во согласност со унгарскиот закон, Ласло Трочајни вели:

  • Не сум го видел писменото образложение за оваа одлука, но Унгарската канцеларија за миграција и азил очигледно донела одлуки по темелна истрага и дебата. Постои долга расправа со која се утврдува валидноста на заканата за поединецот: нивото на безбедноста во затворите во неговата земја, заканите што можеби ги добил. Да бидам искрен, кога поранешниот премиер е испратен во затвор, неговата ситуација не е лесна. Не го прочитав образложението на одлуката, но според мое мислење треба да ги разгледаме заканите и кредибилитетот на заканите. Ако тие се веродостојни, се разбира, лицето ќе добие статус на бегалец. Друго прашање е што Македонците ќе протестираат и бараат екстрадиција – но законот вели дека не можеме да екстрадираме некого во земја со веродостојни закани, изјави унгарскиот министер за правда за Ласло Трочајни.
Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ