КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП: МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ УНГАРИЈА

Македонската машка одбојкарска селекција успешно ги отвори квалификациите за пласман на ЕП што ќе се одржи во 2019 година.На гостувањето во Будимпешта,вечерва нашите одбојкари после голема борба  го поразија домаќинот Унгарија со 3-2 во сетови.Селекцијата предводена од новиот кормилар на клупата Никола Матијашевиќ и капитенот Никола Ѓорѓиев на теренот,имаше квалитет во најтензичните моменти.25-23 за Македонија во првиот сет,ист епилог и после вториот каде унгарците имаа предност, но финишот и припадна на Македонија.Во третиот сет,домашните одбојкари ја загубија острината а  Црвено-жолтите доминираа но пропуштија можност за експресни 3-0.Унгарија се врати од негативата, го доби сетот со 25-23.Домаќинот влезе  во ритам и во 4-тиот сет што го освои   повторно со 25-23.Во решавачкиот петти сет ,финишот и припадна на Македонија со 16-14. Во второто коло од квалификациите, на 18 август во Скопје Македонија ја пречекува Украина,селекција која денеска на вториот меч од групата Ф  славеше со 3-0 во сетови над Швајцарија.Победниците од седумте  групи  и најдобрите пет второрангирани тимови ќе обезбедат пласман на ЕП.Покрај организаторите на шампионатот а тоа се  Франција, Белгија, Холандија и Словенија ,директен пласман на ЕП имаат обезбедено и најдобрите осум репрезентации на претходното првенство– шампионот Русија, вице-првакот Германија, бронзената Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ