КСС на протест побара покачување на платите и исплата на К-15 во јавниот сектор

Усогласување на платите во јавниот сектор согласно со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Своите барања синдикалците ги изнесоа попладнево на протестен марш во Скопје, кој почна  пред Собранието и заврши пред Владата.

Претседателот на КСС Благоја Ралповски посочи дека тие се и против секаков трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.

– Бараме усогласување на платите во јавниот сектор со покачувањето на минималната плата кое во моментот е 25 проценти. Бараме и исплата на К-15 во јавниот сектор бидејќи сме дискриминирани, а не се согласуваме и со трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, изјави Ралповски.

Посочи дека вчера биле повикани од службите во Владата, но иако барале, не оствариле средба со премиерот и министрите.

Претседателот на СОНК Јаким Неделковски рече дека се приклучуваат на протестот на КСС и на барањата за зголемување на платата за 25 проценти во образованието.

Неделковски нагласи дека ова е последен предупредувачки протест пред генерален штрајк во дејностите на СОНК и во сите дејности на КСС.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Економија

Шпанската компнаија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со ЈП Државни патишта за изградба на делницата Фариш – Дреново

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба...