Крвава тепачка на малолетници во автобус кај Сарај

Тројца ученици попладнево си ги одмерувле силите во автобус. Инцидентот се случил во попладнево во автобуската линија 56 во Сарај , а сите тројца со убодни рани итно биле пренесени во Градската општа болница 8 септември. Од болницата велат дека двајца од нив се добро, но третото момче кое учествувало во тепачката морало да биде пренесено на Клинички.

„Oткако се направија потребните прегледи двајцата пациенти кои беа донесени попладнево се пуштени на домашно лекување. Имаа повреди во пределот на главата и убоди на телото. На третиот учесник во пресметката,16 годишно момче, по направените испитувања и медицински третман со лекарска придружба во стабилна состојба е пренесено на Клинички. “ , соопштија од Градската болница „8-ми ептември“

Од Клинички центар велат дека на поовреденото момче му се прават дополнителни прегледи за да се констатира сосотојбата.  

Според информации Од МВР , се преземаат мерки за расчистување на случајот , а инцидентот бил пријавен во 13:30.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ