Кризата на политичкиот систем најголема закана по безбедноста

40 проценти од граѓаните како најголемо загрозување на безбедноста во државата не гледаат ниту во оружени напади или престрелки туку во кризата на политичкиот систем. Резултатите се повторуваат втора година по ред, а истражувањето на факултетот за безбедност покажува дека најголеми безбедносните закани се и корупцијата и сиромаштијата. Но сепак на врв се нефунционалните институции.

Скорото членство во НАТО ќе ги ублажат заканите, но најдобар одговор е институциите да прорабат за потребите на граѓаните. А НАТО носи и обврски за институциите кои ќе бидат во директна врска со алијансата, ќе треба поголем буџет и доверба во нив.

Реформи се потребни и во безбедносниот сектор, особено расчистување со досегашната пракса, тајните служби да диктираат политички процеси.

Дебатата за предизвиците пред и по членството во НАТО беше одржана по промоцијата на новиот учебник на Факултетот за безбедност подржан од фондацијата Конрад Аденауер.

Миомир Серафиновиќ

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ