Системот Мој термин претрпи промени – надлежните ќе ја проверуваат итноста кај дел од итните упати

Техничките проблеми кои вчера ги имаше електронскиот систем „Мој термин“ се отстранети. Надлежните се пофалија со промените и новитетите кои ги воведоа пред неколку дена, но ветија и дека ќе проверат дали се злоупотребува итното упатување на пациентите.

Најново во „Мој термин“ се два типа на упат. Лекарите вчера веќе издале 4500 такви упати.

Лекарите ни кажа дека обично најмногу се чека за офталмолошките прегледи и оние за ехо. Интернистичките прегледи се случуваат побрзо. И граѓаните со нас споделија свои искуства. Некои се уште чекаат за да им дојде терминот, а некои се задоволни дека брзо завршиле работа.

Лекарите биле информирани за промени во „Мој термин“. Системот веќе неколку месеци наназад е тестиран. Повеќе од 70 софтверски компании работат на електронскиот систем.

 

Петар Догов

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ