Кошаркарите продолжуваат со тренинзи во Гевгелија

Нашата машка кошаркарска репрезентација замина за Гевгелија каде ќе ги продолжи подготовките за претстојниот натпревар од претквалификациите за пласман на Европското првенство.

Селекторот на националниот тим Јорданчо Давитков за неделниот дуел со Косово нема да може да смета на Љубомир Младеновски, кој поради повреда предвреме ги заврши подготовките. На репрезентацијата денеска и се приклучи Стојан Ѓуроски, која в недела во Гевгелија ќе се обиде да стигне до третата победа во овој циклус и ќе биде на чекор до пласман во следната фаза од квалификациите за настап на Европското првенство.

“Нема да биде воопшто лесно да се совлада Косово. Можеби полеснителна околност ќе н ибиде ако за нив не игра најавениот кошаркар од САД. Но, ние не треба да размислуваме толку за нив, туку за нас. Треба добро да се подготвиме и да атакуваме на посакуваната победа. Лично, играм во добра форма во странство, се надевам дека истото ќе го пренесам и во националниот тим. Сите сплотени, сакаме да дојдеме до победа”, изјави Бојан Трајковски.

Натпреварот против Косово се игра в недела и почнува во 17 часот и 45 минути.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ