Кошаркарите поразени во дуелот со Естонија

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги отвори квалификациите за Европското првенство. Вечерва со Скопје нашиот состав загуби од Естонија со 81:72.

Клучен момент на натпреварот беше очајната втора четвртина во која репрезентацијата на Македонија постигна само пет поени, а противникот 25 и на полувреме заминавме со негатива од 22.

Во вториот дел игравме далеку подобро, но тоа не беше доволно за пресврт. Во неколку ситуации успеавме да ја намалиме предност на противникот на десет поени, а во самата завршница и да стигнеме до едноцифрено заостанување, но сепак бевме далеку од пресврт и можност да стигнеме до толку посакуваната победа.

Прв стрелец во нашиот тим со 26 поени беше Војдан Стојановски, Ненад Димитриевиќ постигна 15 додека Шејн Витингтон забележа 15 поени и осум скока.

 

ФОТО: Игор Паневски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ