Конкурсот за МКЦ поништен, Русе Арсов останува в.д директор

Град Скопје го поништи конкурсот за избор на директор на Младинскиот културен центар. Русе Арсов останува в.д директор на МКЦ. Мандатот на досегашниот в.д  директор Арсов е продолжен со уште една одлука на градоначалникот. По поништувањето на конкурсот, градоначалникот Петре Шилегов не кажува кога ќе биде распишан нов конкурс. На конкурсот беа пријавени музичарот Бени Шакири и сегашниот в.д директор Русе Арсов.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ