Комисијата го поздрави зеленото светло за отварање преговори со Македонија и Албанија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателката на ЕК Урсула Вон Дер Лајен, предмалку во заедничка изјава го поздравија формалното усвојување преку таканаречената процедура на писмено потпишување на вчерашна Одлука на Советот на министри да отпочнат пристапни преговори со Македонија и Албанија

Европската унија го испорача своето ветување. Северна Македонија и Албанија го направија она што беше побарано од нив и тие продолжија да напредуваат со потребните реформи. Денес се одбележува почетокот на едно патувањето кон поголема и посилна Европска унија. И оваа одлука е од геостратешки интерес на Европската унија, порача Вон Дер Лајен.

Комесарот за соседство и проширување Оливер Верхели порача дека „Отварањето на пристапните преговори испраќа гласна и јасна порака не само за двете држави, туку и за Западниот Балкан во целина и ја реафирмира и испорачува посветеноста на ЕУ кон европската перспектива на регионот. Нејзината сегашност е со ЕУ и нејзината иднина е во ЕУ, порача Вархеји.

По финалната поддршка на одлуката од Европскиот Совет, која се очекува утре, Комисијата ќе поднесе предлог за преговарачка рамка, како што се вели во изјавата – брзо, а во неа ќе биде вградена новата методологија за пристапување.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ