Колку е опаснa браната во Иловица – премиерот утре на средба со активистите

Оправдан е стравот на струмичките екологисти од браната што би се изградила за рудникот Иловица-Штука, не само заради можно уривање како во случајот со рударскста брана во Бразил, каде згаснаа многу животи, но и заради неопходните анализи дали рудникот нема да му наштети на струмичкото поле кое е огромен земјоделчски потенцијал. Ова предупредување денеска дојде и од рударскиот еснаф, првиот човек кој доаѓа од Бучим дури и со директен предлог како да се искористат тамошните наоѓалишта од 250 милиони тони на бакарна руда.

Таму во Иловица луѓето што реагираат за браната можеби се во право, ова што се случи во Бразил можеби е поткрепа на нивнопто мислење, но има начин како рудата од таму да се извади и да се преработува централизирано, конкретно во Бучим во Радовиш, ќе се договори кој ќе биде сопственик, се се купува, се се продава, дали ние како сопственици ќе продадеме, но да има еден сопственик и да се окрумни рударството“, вели Николајчо Николов, претседател на Мак. Асоцијацоија на рударство.

Колку Иловица е опасна утре на заедничка средба со граѓаните од струмичките села ќе дебатираат премиерот Заев и министерот Бектеши. Ние го слушаме гласот на народот, но мора да се има предвид и интересот на државата, бидејќи таму се планирани инвестиции од 350 милиони евра, вели министерот.

Се досега не сме сигурни дека Иловица нема да ги испорача сите стандарди, посебно за животна средина, ќе заземеме одлука за таа инвестиција да не се случи. Но истовремено, ако се исполнат сите стандарди, и во согласност со граѓаните, ќе одлучиме дали ќе продолжи или не“, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

На денешната средба концесионерите и власта ги соочија аргументите колкави концесии треба да плаќаат рудниците. Сега тие се два отсто од годишните приходи и според Владата се ниски, па со новиот Тарифник кој ќе стартува од идната година, треба да се искачат на 3,5 проценти, но за рударскиот сектор ова е превисоко. Бараат концесиите да зависат од богатството на рудата и од профитот.

Ќе предложиме да има некој обврзувачки процент и другиот дел да се надоместува во државата преку профитот или преку тоа каква руда се експлоатира. Да се направи некој механизам, тие што експлоатираат посиромашна руда, да плаќаат помалку, бидејќи имаат повеќе трошоци, не може сите да бидат во исти кош, вели Николов.

Сите концесионери годишно плаќаат по 8 до 10 милиони евра, сметаме дека тоа е малку, бидејќи користат општо добро, ќе разговараме со сите засегнати страни, но и со општините, вели Бектеши.

Ако се прифати владиниот предлог, парите од концесии ќе пораснат за 6 до 8 милиони евра. Од надоместоците, општините користат по 78 проценти, а остатокот оди во државната каса.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ