Кокаинот бил скриен во банани- се бара притвор за неколку приведени во Крушопек

Кокаинот кој бил откриен вчера вечер во Крушопек бил сокриен во пратка со банани со потекло од Јужна Америка.

Дрогата според првичните информации првин стигнала во Италија каде била откриена од тамошната полиција. Пратката од над еден тон била извадена од контејнерите, а еден килограм од кокаинот останала, а бил поставен и ГПС локатор за следење, брифираат за Телма извори од македонската полиција.

Пратката банани со кокаин од Италија, преку Црна Гора и Албанија стига до Македонија, а конвојот од три камиони е следен од македонската полиција до Крушопек. Во скла со овошје полицијата упаднала и ја нашла дрогата.

Приведени се 4-ца лица, а побаран е и притвор за дел од нив.

За 12:30 часот е закажана прес конференција на министерот Наќе Чулев.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ