Вести Култура

„Кој тоа таму пее“ вечерва во Кинотеката на Македонија во чест на Слободан Шијан

Во чест на режисерот Слободан Шијан, во Кинотеката на Македонија вечерва ќе биде прикажан филмот „Кој тоа таму пее“. Режисер е на некои од најпознатите филмови од поранешна Југославија, како, „Маратонците го трчаат почесниот круг“, „Како бев систематски уништуван од идиот“, „Давител против давител“, „Тајната на манастирската ракија“ и „С.О.С Спасете ги нашите души“, како и на повеќе телевизиски филмови и преку дваесет експериментални филмови и видеа.

Јас сакам кога филмот отсликува и нешто што мене ми е интересно, она што се случуваше во нашето општество и тоа не е правило, мислам дека филмот може да биде забава, а да биде ремек дело. Некои критичари, не мислат така и во тоа се разликуваме. Јас се определив за комедијата затоа што ми се допадна таа комуникација со публиката, тоа е нешто каде веднаш го гледате резултатот и ако не е смешно пропаднавте. Не е тоа лесен жанр и тешко е да постигнете таков резултат и реакција секогаш, но она што ми изгледаше е дека е можност да се работат некои интересни нешта во нашата средина, затоа што глумците беа често презафатени и немаше време за некои проби. Ако земете глумци кои знаат да работат на комедија, тие го даваат резултатот во еден евентуално кус период во кој морав да снимам. Да кажеме „Кој тоа таму пее“ е снимен за 21 ден или за 22 дена, „Маратонците го трчаат почесниот круг“ за 27 дена . Сега кога го гледам „Маратонци… “ми изгледа дека денес би требало веројатно 42 дена за тоа да се сними. И згора на тоа можеше да се оствари и одреден резултат во кината, многу луѓе ќе го видеа тоа. Нашите луѓе сакаат комедија, иако не ја ценат многу, но сакаат да ја гледаат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Радев врачи трет мандат, „Има таков народ“ веднаш го вратија – Бугарија ќе оди на нови вонредни избори

Дејан Дејан

Парична казна од 1.750 евра за штипската САНС АГ и одговорното лице

Дејан Дејан

ССМ ќе протестира пред Врховниот суд и Министерството за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе