Кој и зошто ја напишал службената белешка дека Чавков ќе бега?

Кој ја напишал службената белешка поради која Чавков заврши во притвор. Министерот за внатрешни не открива детали и ја префрла топката кај обвинителството кое е надлежно да бара притвор. Но не е конкретен  дали Чавков бил следен бидејки припадник на единицата Алфи ја напишал белешката токму поради која Чавков заврши в притвор.

Спротивно на ова обвинителството вели дека го побара притворот токму поради информациите од полицијата.

Ние како обвинителство не можеме да си дозволиме да игнорираме информација за нечие евентуално бегство. Ако уште некој избега од земјава тогаш би било премногу и целата вина ќе падне врз обвинителството. Дали поседува вила на Халкидики е споредно прашање, главно е дали планирал да бега. Немавме време да спроведуваме истрага, од таа причина и ја прифативме службената белешка од полицијата и тоа не само ние туку и судот, вели Русковска.

Инаку според она што е напишано во белешката припадник на Алфите вчера се сретнал близок пријател на семејството Чавкови. Токму пријателот кажал дека екс директорот на БЈБ во петок ќе бега на халкидики каде имал вила. Ќерката на Чавков, Зорица Чавкова во отворено писмо до дипломатскиот кор прашува кој ја нарачал белешката за татко и и како обвинителката немала потреба да се сомнева во содржината.

Убедена сум дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачателите и дека ќе се разоткријат истите. Ќе си лежи оној кој ја измислил вилата на Халкидики. Не знам дали тие што му дале задача да измисли таква службена белешка му објасниле какви ќе бидат последиците за него, пишува таа.

Адвокатот на Чавков вели дека е недозволиво да се бара притвор пред изрекување на прсуда што укажува на исходот од судскиот процес.

Инаку според информациите од семсјтвото на Чавков тој претчувствувал дека ќе има осудителна пресуда и барање за притвор па се спремал за в петок по изрекувањето на пресудата да заврши в шутка. Тој се бранеше од слобода само поради тоа што даде гаранција вредна 600 илјади евра дека нема да бега.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ