КОД за доказите од истрагата Рекет- Боки 13-ка си барал поврат на данок за шопингот во странство, се бара „продавачот“ на исказот на Милески-Кичеец

На стотици страници чија бројка надминува и над илјада се испишани телефонските пораки од вештачењата на мобилните телефони на осомничените во случајот Рекет, дознава КОД.

Содржината е тајна бидејќи истрагата само што заврши но обвинение нема. Се истражуваше комуникацијата на двата запленети телефони на екс специјалната обвинителка Катица Јанева, на телефонот на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 ка и на Зоран Милевски Кичеец.

Освен СМС пораките се истражува и другата комуникација која ја имале преку апликации и социјални мрежи, меѓусебно но и со други луѓе. Вештачењата се готови и предадени на адвокатите за да може да се спремат за одбрана. Доказниот материјал е во нивни раце и се чека кога тројцата ќе дадат исказ во своја одбрана пред обвинителката Вилма Русковска.

А меѓу доказите КОД дознава дека имало и фискални сметки кои биле запленети при претресите кај обвинетите. Извори од истрагата брифираат дека најверојатно тие ќе бидат користени како доказ во делот во кој Бојан Јовановски се товари за перење пари. Според она што јавноста до сега го знае е тоа дека Јовановски се плаќал во кеш, а сметка во банка немаше.

Едно од оправдувањата за тоа што тој не фигурираше како газда на 1ТВ туку неговиот татко е поради тоа што неговите сметки биле блокирани, така барем изјави и пред АВМУ.

Меѓу другото кај него биле најдени и докази кои укажувале дека тој на своите чести патувања купувал скапа гардероба а при излез од земјите барал за купеното данокот да му биде вратен, открива КОД во своето издание. Потеклото на парите на Боки 13 не се знае, сега се отворија сомнежите дека тој располагал со кеш откако рекетирал бизнисмени, а во меѓувреме такс-фри за поврат на ДДВ то барал во земјите каде патувал.

Обвинителството на располагање за рекет има и неколку сведочења, на пријавувачот бизнисменот Орце Камчев и на неговата сопруга Ана Камчева, јавноста дозна дека сведочеше и продавачка од салон за мебел, а КОД дознава дека меѓу сведоците е и куќна помошничка.

Во меѓувреме се појави нов скандал со исказот на Зоран Милевски Кичеец. Еден телефонски повик до адвокат на еден од осомничените во Рекет отвори нови проблеми за обвинителството. Во вторникот Непознат човек, од телефонски број со префикс 079 се обидел неколку пати да го добие адвокатот на телефон.

 Првиот пат телефонот заѕвонил околу пладне, втор пат поливоина час после пладне. Но одговор од другата страна немало. Третиот повик бил вечерта, околу 18 часот. Откако се воспоставила телефонската врска се слушнал глас на непознат човек.

Јавувачот рекол:

-Сакаш ли да ти го дадам документот што го бараше. Знаеш ти добро кој документ.

Одговор не добил. Туку линијата е прекината а случајот веднаш пријавен во обвинителството. Сега тоа истражува од каде протекол исказот ако непознатиот не лажел дека го има. Дадена е наредба да се најде кртот за кој се сомнева дека е од сопствените редови.

Билјана Николовска

Прилогот е објавен во емисијата КОД на 06.10.2019.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Каде се парите од „Рекетот“, убиецот на Јанушев и УНЕСКО драма во Охрид 20.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=UsecpstgTx8&t=1822s&fbclid=IwAR3Z-icCLE2KrOR8yUMz08vInEn48pEeax_LFXrY8khrufWaa01232GF5fs

КОД:Секуловски-Кобрата, осомничениот за убиството на Мартин Јанушев „вшетал“ во затворот иако полицијата го гонеше две години

Реконструкција на КОД: Понеделник. 14-ти октомври. Доцна попладнево. 27-годишен човек полека се приближува кон затворот во Шутка. Завршено е работното време, но таму има и дежурна чуварска смена и повеќе...

КОД открива: Во телефонот на Боки 13, Јанева со 50 илјади евра

КОД дојде до информација дека дел од парите се најдени во сеф во домот на Бојан Јовановски. Според спецификацијата која претходно е направена врз банкнотите е утврдено дека тие се...

КОД: Филмските и реалните сцени на македонските затвори 13.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=02o8iu6P5gE

Код: Казнети адвокати за Диамед, случај Рекет и крвни врски во тајната служба

https://youtu.be/nnOhLyVW52s