КОД открива кои се луѓето од тајната служба и како по сведочењата УБК е клучниот виновник за организацијата на „Крвавиот четврток“

Во јули 2010, Цветанов поднесува оставка, а речиси истовремено владата го разрешува. Како в.д. директор е назначен Атанасовски. Има 26 години. За целото директорување, институцијата  не отвори покрупен случај, а еднаш Атанасовски прими донација од норвешката влада. Но го смени името на агенцијата во дирекција за финансиско разузнавање.

По Диво Насеље, Сашо Мијалков замина од УБК, прво беше назначен Андоновски на негово место, а во септември 2016-та директорското место го зазема сега веќе малку поискусен, 32-годишниот Владимир Атанасовски.

Младите директори на тајни служби се реткост во развиениот свет, но во Македонија се правило и речиси традиција. Познавачите ни кажуваат и случај кога на тајна локација поранешен млад новопоставен директор на УБК требало да се сретне со италијанскиот прв разузнавач. На средбата дошол италијанскиот директор, стар во 7-мата деценија со искуство и цела кариера во безбедносниот сектор.

Наспроти него седнал македонскиот – кажал дека дипломирал електро факултет со две години искуство во службата. Италијанецот кога ја слушнал кратката биографија на македонскиот домаќин веднаш си станал и ја напуштил средбата, а оставил негов советник да ја заврши агендата. И професорот Николовски вели дека млад директор на УБК е лош знак за партнерските служби.

Атанасовски го зазел местото во УБК, Тврдината како предметот за злоупотреби во службата го нарече СЈО. Тврдината е градена со години од претходникот Мијалков, но на Атанасовски му паѓа задача да внимава на ѕидините да не попуштат.

Миомир Серафимовиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.