КОД: Нов доказ во полза на доживотни осуденици 13 години лежи во судско досие

Доказ кој можел да им помогне на двајца затвореници на доживотна казна, осудени за две убиства, цело време бил во судско досие и покажува дека тие не биле вмешани во едно од убиствата за кое се прогласени за виновни, открива КОД во вечерашното издание.

Станува збор за кичевскиот случај, а еден од двајцата доживотни затвореници, Игор Мирчески, пред три недели се самоуби во затворот Идризово.

Со вториот осуденик, Анте Ристоски разговараше екипата на КОД која беше во посета на деветото затворско крило во Идризово каде доживотна казна затвор издржуваат 37-мина осуденици.

Станува збор за затвореници осудени на најтешки и најгрозоморни убиства. Најстариот доживотен има над 70 години, најмногу лежи 45-годишник од Гостиварско, осуден за убиство на полициски инспектори, а во Идризово е од 1997-ма година.

За истрагата за кичевскиот случај со убиството на три жени и еден маж во кои се вплеткани и судбината на новинарот Владо Танески, кој мистериозно се самоуби во кофа со вода и судбината на затвореникот Анте Ристоски кој пред камерата сведочи како полицијата го тепала за да признае убиство кое не го сторил, гледајте повеќе во емисијата КОД веднаш по вечерните вести на Телма во 19:15 часот.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Психијатриска болница Демир Хисар 21.10.2018

https://www.youtube.com/watch?v=6JXHgBvxAMs&t=3s&fbclid=IwAR0Xkz22AXZ_hBovKHnFdjZzhmAZHb-3PkgoFJJ10qmy5v6iJ6xYgS8DUb8

КОД: Македонци вмешани во фудбалски местенки во Белгија 28.10.2018

https://www.youtube.com/watch?v=qfwMjMlsLjI&fbclid=IwAR15NCxthnNI41RMCk8SpDAHgo3ABZRrHSHczJbt0uOAmUg-Jx9iXMuOhQo

Зошто е нерешено убиство на Дилавер Бојку Леку?

Го видов убиецот и сето тоа веднаш го кажав во полиција, но тој ден по убиството заминал за Швајцарија- ова е тврдењето на синот на Дилавер Бојку Леку, кој пред...

КОД: Убиство на Рузвелтова!

Од автомобил, со калашњиков, во центарот на Скопје како на филм - КОД го реконструира убиството на братот на Џељо, Наим Ајети и Антонио Парапулов –Тозо. Кој пукаше во членовите...

КОД: ФЕНИ ограбен, но сите заинтересирани за него

Во вечерашното издание на КОД со своите мотиви за преземањето на ФЕНИ, прва изјава даде и Маркос Камхис, од компанијата Џи-Сол која веќе втор месец стопанисува со ФЕНИ откако го...