КОД на Телма: Колку се издвојува за кириите и канцелариите на поранешните претседатели

Поранешните претседатели сами ги бираат канцелариите откако ќе им заврши функцијата и договорите се потпишуваат без тендер. Во вечерашното издание на КОД истражување колку се издвојува за кириите и канцелариите на поранешните претседатели Црвенковски и Иванов. Со парите дадени за кирија за канцеларијата на Црвенковски по една деценија може да се купи исто толку голем деловен простор.

Си заминуваат, но остануваат во јавноста во кабинети и фондации и на сметка на граѓаните. Таа е судбината на сите екс- претседатели. Од 12-ти мај, Македонија има еден кабинет на Претседател и два кабинети на поранешни претседатели. Со дуплирање на екс-претседателите се удвојуваат и трошоците на граѓаните. Двајцата поранешни, Црвенковски и Иванов избрале државата односно граѓаните да им плаќаат закуп во приватен деловен простор наместо да се сместат во некои од празните државни објекти.

Кабинетот на Киро Глигоров беше во стан во зграда во ГТЦ. Државниот стан го користеше кабинетот до неговата смрт. Сега во тој стан се канцеларии на ГТЦ и ги користи ќерката на Амди Бајрам.

Иванов за своја нова работна адреса ја избра Булевар Србија 31. Во зграда на компанијата Турмак на Џевахир. На сопственикот на зградата Џевахир, Иванов му беше и еден од свадбените кумови поради што антикорупциска ќе испитува дали киријата за кумашинот е  судир на интереси и непотизам. Месечната кирија е 1950 евра. Државата дополнително ќе плаќа и комуналии, а ќе се купува и мебел и опрема за канцелариите.

Но Иванов поефтино ќе ги чини граѓаните од Црвенковски.

Претпретпоследниот претседател Бранко Црвенковски е во приватен деловен простор, но многу поскап од Иванов. За него, државата склучила договор со компанијата Импексел 2 од Дебреше на сопственикот Неим Хусеини. Граѓаните месечно за канцеларијата на Црвенковски плаќаат по околу 3 илјади евра кирија. Или за овие десет години за Црвенковски, фирмата од Дебреше добила 360 илјади евра за кирија –пари со кои државата  можела да купи околу 140 квадратни метри деловен простор, односно да ја купи истата канцеларија.

Годишно за трошоци и комуналии државата исплаќа над 7 илјади евра, или вкупно досега кабинетот на Црвенковски за една деценија потрошил околу 71 илјада евра за вода, струја, интернет, телефон, смет. Од дозволените тројца службеници, кабинетот на Црвенковски има две вработени.

Во вечерашното издание на КОД и за тоа кој си замина од претседателскиот кабинет на Водно и кој се всели со новиот претседател, како и истражување зошто блиски роднини на функционери од Државната изборна  комисија донирале пари за изборна кампања на претседателските кандидати.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Филмските и реалните сцени на македонските затвори 13.10.2019

https://www.youtube.com/watch?v=02o8iu6P5gE

Код: Казнети адвокати за Диамед, случај Рекет и крвни врски во тајната служба

https://youtu.be/nnOhLyVW52s

КОД за доказите од истрагата Рекет- Боки 13-ка си барал поврат на данок за шопингот во странство, се бара „продавачот“ на исказот на Милески-Кичеец

На стотици страници чија бројка надминува и над илјада се испишани телефонските пораки од вештачењата на мобилните телефони на осомничените во случајот Рекет, дознава КОД. Содржината е тајна бидејќи истрагата...

КОД: Секретарка со осмо одделение, шофери подобри од началници, опстанок на крвната врска- како се одвивала селекцијата за нови агенти во тајната служба

Роднинските врски и блиските семејни релации опстанаа. Крвта не е вода, вели народната поговорка- која стана дефиниција за дел од вработувањата во новата безбедносна служба Агенција за национална безбедност-АНБ, објавено...

КОД: Парични глоби и едногодишни забрани за неколку адвокати и нотари што не ја пријавиле продажбата на Дијамед

Низ рацете на неколку адвокати и нотари поминале сите овие договори. Друштвата Поленак и ДДК - Дебарлиев, Дамевски, Келешовска, како и нотарката Анета Петровска биле застапници на Иванова, кои се...