КОД: Финзи на Крпач избришана од регистарот, а преку неа се испрани 2,3 милиони евра

Речиси три години трае предистрагата за смртта на Коста Крпач, управител на фирмата Финзи и сведок на СЈО во повеќе истраги за финансиски криминал. Досега телефонот на застреланиот не е отворен, скопското обвинителство бара помош од странство за таа цел. Земени се изјави од 19 сведоци. Но вистината се уште не е откриена.

Во вечерашната емисија КОД, информација и зошто  фирмата Финзи со која управуваше Крпач и која според СЈО учествувала во перење на околу 2,3 милиони евра украдени пари од Македонија- пред три недели е избришана од централниот регистар.

Во КОД вечерва и за другите сомнителни случаи на загинати луѓе кои се прогласуваат за самоубиства. Во емисијата е подготвена и реконструкција за случајот со лекарката Јелка Масин.

КОД: Финзи на Крпач избришана од регистарот, а преку неа се испрани 2,3 милиони евра

Мартовско претпладне. На скопската улица Иво Лола Рибар вообичаена раздвиженост. Зградата со број 59 стана позната пролетта пред 3 години. Тогаш беше место на злосторство и домашна адреса на Коста Крпач, 40-годишен скопјанец кој беше најден застрелан во сопствениот стан. Подолго време таа адреса имаше и бизнис улога.

Беше седиште на фирмата Финзи ДООЕЛ, чиј управител беше застреланиот Крпач, а сопственик беше американска компанија со долго време непознат основач.

Денеска адресата е само место на злосторство кое не е расветлено до крај. Од пред три недели според податоците на централниот регистар фирмата Финзи ДООЕЛ е избришана од регистарот.

На 18-ти февруари 2019, користејќи го член 552-б од законот за трговски друштва, поради недоставен финансиски извештај за 2016-та година (година на трегадијата) Централниот регистар ја брише фирмата од списокот на активни фирми. Финзи се уште е дел од постапката во предметот Трезор на СЈО. На фирмата во октомври 2016-та  и е замрзната сметката иако овластениот потписник и управител веќе беше застрелан. Основачкиот влог на македонската компанија Финзи е 650 илјади евра.

Но со бришењето, се брише и тој влог. Финзи сепак не е само дел од „трезорот“, туку е дел и од тековната истрага на СЈО „Империја“ во која според наводите на специјалните обвинители Финзи е искористена за перење на пари. Околу 2,3 милиони евра се испрани преку Финзи и Ексико, тврдела обвинителката Лиле Стефанова на брифинг со новинари на 11-ти февруари оваа година. Една недела подоцна (по брифингот на СЈО), Финзи е избришана од списокот на постоечките фирми во државата.

Зошто е дозволено згаснување на фирмата клучна во најмалку две истраги на СЈО и што стана со парите од сметката и од основачкиот влог на Финзи.

Тоа е нова мистерија која се надоврза на нерасветлената трагична судбина на последниот управител на Финзи, Коста Крпач. 27-ми април 2016-та почна таа мистерија.

Миомир Серафиновиќ

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Дрисла повторно на суд, управни судии не „откриле“ невалидно полномоштво

Во последниот судски процес пред управните судови, застапниците на Шолц АГ користеле невалидно полномоштво од поранешен директот за да ја добијат Дрисла, тврдат за КОД адвокатите на ФЛЦ Амбиенте која...

КОД : Девет години од исчезнувањето на две 5-годишни деца во кумановски Средорек

Во Средорек, маалото меѓу двете мали реки Липковка и Којнарка населено со главно ромска популација не донесоа двете слики кои се уште стојат на сајтот на МВР во делот Потраги....

КОД открива кои се луѓето од тајната служба и како по сведочењата УБК е клучниот виновник за организацијата на „Крвавиот четврток“

Во јули 2010, Цветанов поднесува оставка, а речиси истовремено владата го разрешува. Како в.д. директор е назначен Атанасовски. Има 26 години. За целото директорување, институцијата  не отвори покрупен случај, а...

КОД: Апсење на Мијалков и амнестија за 27 април 25.11.2018

https://www.youtube.com/watch?v=IDqKM5x7FdA&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1TU_ipMrmyL-rSQOdkVIgmfCoSiSDcEX2xBvZpMShG-4abXDxO-W-m3vQ

КОД: Бегството на Груевски и одговорност 18.11.2018

https://www.youtube.com/watch?v=M9MFjBmmG_E