КОД : Девет години од исчезнувањето на две 5-годишни деца во кумановски Средорек

Во Средорек, маалото меѓу двете мали реки Липковка и Којнарка населено со главно ромска популација не донесоа двете слики кои се уште стојат на сајтот на МВР во делот Потраги. Двете исчезнати деца Мирсада Хелдовиќ и Дане Мемеди. Исчезнати се пролетта 2010-та година. Приказната за нив уште нема никаков епилог и 9 години подоцна. По тесната улица во средорек стигаме до куќа, има и адреса број 114 е. А внатре има само една соба. Во неа живеат, Таткото Драган со својата сопруга и 4 деца.  Драган Мемеди е татко на Дане, кој исчезнал на 27-ти март 2010-та година. Тогаш малиот Дане имал 4 години и 4 месеци. Попладнето се играл од задниот дел на куќата во близина на реката. И го снемало. Од тогаш детето го нема. Ниту Дане го виделе ниту количката со која се играл. А ја пребарувале и реката и чекале помош од полиција. Петнаесет дена подоцна Средорек го погодува уште една идентична информација. Уште го бараат Дане, но исчезнува уште едно дете. Мирсада Хелдовиќ тогаш има 5 години и два месеци. Дел од Средорек се вика Бавчи. Таму живее семејството Хелдовиќ. До Бавчи се стига преку импровизирани мостови над реката. Се влегува во сличен сплет на тесни улички. Бргу ја наоѓаме куќата каде живеела Мирсада пред да ја снема на 12-ти април 2010. Нејзините родители се преселени. Бабата вели од страв да не им се повтори несреќата. Затоа што Мирсада има и близначка Сенада.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Последни објави во КОД

КОД: Финзи на Крпач избришана од регистарот, а преку неа се испрани 2,3 милиони евра

Речиси три години трае предистрагата за смртта на Коста Крпач, управител на фирмата Финзи и сведок на СЈО во повеќе истраги за финансиски криминал. Досега телефонот на застреланиот не е...

КОД открива кои се луѓето од тајната служба и како по сведочењата УБК е клучниот виновник за организацијата на „Крвавиот четврток“

Во јули 2010, Цветанов поднесува оставка, а речиси истовремено владата го разрешува. Како в.д. директор е назначен Атанасовски. Има 26 години. За целото директорување, институцијата  не отвори покрупен случај, а...

КОД: Апсење на Мијалков и амнестија за 27 април 25.11.2018

https://www.youtube.com/watch?v=IDqKM5x7FdA&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1TU_ipMrmyL-rSQOdkVIgmfCoSiSDcEX2xBvZpMShG-4abXDxO-W-m3vQ

КОД: Бегството на Груевски и одговорност 18.11.2018

https://www.youtube.com/watch?v=M9MFjBmmG_E

КОД: Криминал со земјиште во Визбегово 11.11.2018

https://www.youtube.com/watch?v=BThLWoelgxs