КЛИВЛЕНД ПРВ ФИНАЛИСТ НА ’’ИСТОКОТ’’

Екипата на Кливленд ќе игра за титулата на Источната конференција во НБА лигата четврта година по ред, откако без загубен меч со 4-0 ја заврши полуфиналната плејоф серија против Торонто Во четвртиот натпревар, Кавалирс ги  поразија Репторс со  128:93.Леброн Џејмс повторно беше лидер на Кливленд а синоќа  постигна 29 поени и 11 асистенции. Кевин Лав додаде 23 поени.Кај Торонто Јонас Валанчунас постигна 18 поени.Кливленд го очекува подобриот од полуфиналната серија помеѓу Филаделфија и Бостон. Филаделфија предводена од  Дарио Шариќ со неговиот плеј-оф рекорд од  25 поени  и 19-сетте на  Ти Џеј МекКонел победи  103-92 и намали на 1-3 против Селтик.Џејсон Тејтум постигна 20 поени за Бостон.Во полуфиналето на  Западот ,Голден Стејт води со 3-1 против Њу Орлеанс, Хјустон има идентична предност над Јута.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ