Климатските услови им направија проблеми на тутунарите

Помали површини но и помали приноси се очекуваат од годинешната реколта на тутунот во струмичко. Според тутунопроизводителите, причина се климатските услови, но и се помалиот интерес за тутунот и земјоделството воопшто.

Според Трајков клучот за оваа сосотојба е драстично подобрување на состојбите во земјоделството. Загарантирани цени кои ќе ги привлечат младите кон оваа индуструска култура.

Просечната цена на продадениот тутун во струмичко лани беше околу 220 денари. Оваа цена според тутунарите не е лоша, но не е ниту мотивирачка.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ