КФОР со помош и за Јужна и за Северна Митровица за справување со КОВИД-19

Заштитни маски, ракавици, но и друга опрема за медициснки лица и пацинети КФОР денеска им испорача на Северна и Јужна Митровица. НАТО објави дека првиот човек на источната команда на КФОР, полковник Ерик Рајли, испорача 4.000 пара нестерилни ракавици, 200 стерилни ракавици, 20 пакувања заштитни маски, 350 маски за пациенти, 100 наметки за пациентите, како и дезинфекциски средства за рацете.

„Регионалната команда на КФОР е со нашите партнери во НАТО, како и со сите останати погодени од оваа криза. Ги преземаме сите мерки на претпазливост да спречиме ширење на КОВИД-19 додека ја продолжуваме нашата мисија да обезбедиме безбедна средина за жителите на Косово, во согласност со мандатот на КФОР, засновано врз Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“, изјави Рајли.

КФОР има преземено и други ангажмани со претставниците на локалните заедници, меѓу што одржување на заедничка прес-конференција со градоначалниците на Северна и Јужна Митровица на главниот мост на реката Ибар кој ги дели градот по етничка линија.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ