Кедира на принудна пауза поради проблеми со срцето

Сами Кедира ќе биде надвор од тимот на Јувентус најмалку еден месец, откако медицинскиот тим на клубот утврдил дека Германецот има проблеми со срцето.

Фудбалерот од средниот ред се пожалил на забрзана работа на срцето, а докторите веднаш почнале со тестови.

Тие ќе го надгледуваат фудбалерот и ќе прават тестови за да утврдат дали се работи за нешто сериозно или Кедира ќе може наскоро да се врати на фудбалските терени.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ