Испратете ја Вашата сторија, освојте награда

Секогаш на Ваша страна и отворени за Вашите ставови, Топ Тема на Ваша страна заедно со својот партнер во овој проект Македонскиот центар за меѓународна соработка го објавуваат вториот конкурс за стории и фотографии на граѓански новинари.

Се што треба да направите е внимателно да ги прочитате инструкциите дадени подолу, да ги вклучите Вашите камери или фотоапарати и да ги испратите Вашите стории до нас.

Со овој конкурс ги покануваме сите заинтересирани да понудат:

  1. Приказни кои третираат важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните или
  2. Фотографии/ фоторепортажи или видеа преку кои се визуализираат општествени проблеми.

Планирано е да бидат наградени по три продукти во секој од форматите (приказна или фотографија/видео).

ТЕМИ

Приказните и фотографиите/видеата треба опфатат општествени проблеми на следните теми:

  1. Култура
  2. Туризам
  3. Спорт
  4. Инфраструктура

Комплетните пријави треба да се достават најдоцна до 4 ноември (недела) 2018 г.

Наградите ќе бидат во вид на ваучери кои ќе можат да се искористат за опрема која може да вклучи: фотоапарати, мобилни телефони, преносни компјутери и сл.

Вредноста на ваучерите изнесува:

  1. место – 30.000 денари
  2. место – 20.000 денари
  3. место – 10.000 денари.

НАСОКИ ЗА ПОДГОТОВКА

1. Приказни кои третираат важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните

Заинтересираните кои сакаат да конкурираат со приказна потребно е да достават:

  • Текст кој ќе се однесува на општествен проблем на темите спомнати погоре;
  • Текстот не треба да биде подолг од 100 линии, или околу две страни А4 формат во ворд (word) формат
  • Вклучување на фотографии во текстот е добредојдено
  • Фотографиите треба да имаа легенда, односно опис што претставуваат
  • Приказната треба да има наслов

2. Фотографии/ фоторепортажи или видеа преку кои се визуализираат општествени проблеми

Заинтересираните кои сакаат да конкурираат во овој формат потребно е да достават:

  • За фотографија - најмногу три фотографии кои визуелизираат општествен проблем на темите спомнати погоре;
  • За фоторепортажа - низа од фотографии, најмалку шест најмногу 12 кои сами по себе ја раскажуваат приказната посветена на некоја од темите спомнати погоре;
  • Кај квалитетот на фотографиите ќе се цени едноставноста и композицијата, односно да не бидат оптоварени со непотребни елементи, а во исто време да го доловат контекстот и да и дадат динамика на фотографијата;
  • Фотографиите во двата случаи треба да содржат легенди, односно опис што претставуваат
  • Фотографиите треба да бидат во јпг (jpg) формат;
  • За видео – снимка која не е подолга од 10 минути и се однесува на некоја од темите спомнати погоре. Видеото може да вклучи изјави на засегнати страни и/или нарација на авторот со што подобро ќе се опише проблемот на кој се однесува;
  • Видеото треба да биде во HD формат.

Повеќе детали можете да најдете на следниот линк:
http://mcms.mk/mk/vesti-i-javnost/oglasi/2059-chetvrt-konkurs-za-novinarski-storii-i-fotografii-na-gragjanski-novinari.html


Конкурсот е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Прочитај повеќе

Топ Тема 6.12.2019

Економијата со раст од 3,6%, рудатсвото и градежништвото се со најголем раст, додека преработувачката индустрија е во минус. За состојбите во градежниот сектор, за новиот закон за легализација на дивоградби,...

Топ Тема: Дали одлуките на уставниот суд, може да создадат хаос во земјата?

https://youtu.be/laq2Jph4LG0

Топ Тема 03.12.2019

Сериозни препирки на конференцијата на НАТО во Лондон-За Трамп изјавата на Макрон дека Aлијансата е во мозочна кома е валкана и понижувачка. Ердоган се заканува дека ќе го попречи дејството...

Топ Тема 02.12.2019

Политика во Уставниот суд или политичка интервенцијаи притисоци врз работата на уставните судии? Што значи постапката за оценување на уставноста на законот со кој екс претседателот Иванов ги повлече помилувањата...

Топ Тема: Македонија има строги стандарди за безбедност при градење, но колку се почитуваат? 29.11.2019

https://youtu.be/ez3JT5bMYgk

Топ Тема 27.11.2019

Визбегово се крена на нозе, и потерстираше против деца - пранешни штитеници на домот Ранка Милановиќ. Не стивнуваат реакциите, за тоа дали овој протест е вистинската слика на нашето општество,...

Топ Тема: Како се трошат буџетските пари за администрацијата? 26.11.2019

https://youtu.be/Rp5vx2I2Bb0

Топ Тема 25.11.2019

https://youtu.be/dcczmhSW9N0

Топ Тема 22.11.2019

Инвестиции во човечки потенцијал или купување гласови во предизборие - каков буџет скрои владата?Пратениците од власта и опозицијата од понеделник ќе спротивстават аргументите за Буџетот за догодина а вечерва во...

Топ Тема: Министерот Насер Нуредини за мерките против загадувањето 20.11.2019

https://youtu.be/B8lmycTF0fE