КАРЛОС САЈНЦ ГО МЕНУВА АЛОНСО ВО МЕКЛАРЕН

Шпанецот Карлос Саинц Јуниор  ќе го пополни местото на сонародникот  Фернандо Алонсо во тимот на Мекларен од 2019 година.Откако двократниот Светски шампион во Формула 1 објави дека со комплетирање на оваа сезона ја завршува својата Ф 1 кариера,Мекарен веќе  подготви замена според американската спортска мрежа ЕСПН. 23-годишниот Саинц ,актуелен возач на Рено ,постигнал  спогодна со Мекларен  за  двегодишна соработка.Фернадо Алонсо кој наредните денови ќе тестира Инди кар болид за тимот на Андрети,најверојтно ќе ја продолжи кариерата во САД.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ