Каратистите на прием во Агенцијата за млади и спорт

По настапот на Светското првенство во Мадрид, македонската карате репрезентација денеска беше на прием кај првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

“Сакам да ви за заблагодарам што на највисоко и најдостоинствено ниво ја презентиравте нашата земја. Секогаш во спортот малку недостасува да се стигне до врвен резултат. Овој пат не успеавме да освоиме медал, но верувам дека во периодот што следува од големите натпреварување ќе се вратите со голем број на трофеи”, изјави претседателот на АМС, Дарко Каевски.

Машкиот кумите тим во Мадрид го освои седмото место, Берат Јакупи се пласираше во четврт-финалето, а на чекор до трофеј беше Азиз Исмаил, кој во репасажот ја загуби решавачката борба за бронза.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ