Каратистите без медал на Светското првенство

Македонската машка карате репрезентација остана без шанса да се бори медал откако во репасажот беше поразена од селекцијата на Јапонија.

Нашата селекција во состав Жарко Арсовски, Мартин Несторовски, Берат Јакупи, Азиз Исмаил, Петар Заборски, Давид Петков и Емил Павлов по победите над Израел и Бразил во четврт-финалето беше поразена од Турција, а во репасажот следуваше пораз и од репрезентацијата на Јапонија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ