Каменос доби жолт картон за повлекување од владата

Лидерот на Независни Грци Панос Каменос доби жолт картон на денешниот состанок на пратеничката група, која му го одби барањето за повлекување од грчката влада. Каменос барал дозвола да му соопшти на Ципрас да ги повлече министрите на Независни Грци од владата и да не ги враќа на тие позиции во блиска иднина. Само двајца од пратеници од Независни Грци го поддржале лидерот за повлекување на министрите владата, со што би се распаднала владината коалиција.

Состанокот на партијата поминал во тензична атмосефра со оглед дека мнозинството било против условите кои ги поставил Каменос. Дополнително на состанокот не биле присутни министерката за туризам и заменик-министерот за внатрешни работи од редовите на Независни Грци, што за останатите пратеници и функцинери на партијата било спорно да се носат вакви одлуки без присуство на сите. Дека ситиуацијата на состанокот била драматична е и информацијата која ја пренесоа грчките медиуми дека Каменос неколку се обидел телефонски да ја добие министерката за туризам, но таа не му одговарала на повиците.

Каменос кој не сакаше да даде изјава по состанокот, кој беше принуден да го прекине, на твитер напиша дека единствената разлика во функционирањето на владата било името на Македонија.

„Единствената наша разлика во коалициската влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа не е поврзаон со Договорот од Преспа, каде ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Каменос.

Партискиот состанок требаше да и претходи на одлучувачката средба на Каменос со Ципрас за останување на Независни Грци во владата, која беше закажана за денеска, но одложена додека не се реши ситуацијата со изгласувањето на Уставните измени во Македонија. Сепак поголем проблем на Каменос е консолидирање на сопствените редови и спречување на распад на партијата.

Тамара Грнчаровска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ