Кадетите четврти на турнирот во Бугојно

Македонската кадетска ракометна репрезентација на меѓународниот турнир во Бугојно го освоија четвртото место откако во мечот за бронзата беа совладани од Германија со 24:23.

За разлика од првиот дуел на отворањето од турнирот кога забележавме убедлив пораз овој пат избраниците на Данило Брестовац беа одлични, но немаа сила да стигнат до победа над фаворизираниот противник.

На дваесет минути пред крајот на мечот имавме предност од 17:13, но потоа следуваше пресврт, а во финишот Германија влезе со водство од два погодоци кои беа решавачки за конечен триумф.

Најефикасен во нашиот тим со седум гола беше Симоновски, Серафимов постигна пет погодоци, а голманот Петковски имаше седум интервенции.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ