Јужнокорејски суд и ја продлжи затворската казна на Парк Геун Хје на 25 години

Jужнокорејскиот Висок суд ја продолжи затворската казна на поранешната претседателка Парк Геун Хје (66) на 25 години и парична казна од 17,8 милиони долари поради корупција и злоупотреба на службената положба.

Судот соопшти дека Парк има недела дена да вложи жалба на таа пресуда.

Во април Окружен суд ја осуди Парк на 24 години затвор и 16, 8 милиони долари поради давање мито, изнуда, злоупотреба на службената должност и други обвиненија.

Пресудата е донесена година дена откако беше симната од власт, а по повеќемесечни протести поради корупциски скандал поради кој беа уапсени уште неколку јужнокорејски официјални лица.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ