ЈУНИОРИТЕ НА МАНЧЕСТЕР ГО ШОКИРАА ПАРИЗ,ПОРТО НА ПРОДОЛЖЕНИЈА ЈА СОВЛАДА РОМА

Манчестер Јунатед синоќа имаше неверојатна вечер на Паркот на Принцовите.Отпишаниот состав на Солскјер после првото осмифинално  соочување со Звездите на ПСЖ ,успеа да победи со 3-1 среде Париз и на спекталурен начин да влезе помеѓу најдобрите осум , како прва екипа во историјата на ЛШ која се вратила од минус со два гола во елиминациите.

ПСЖ победи со 2-0 на Олд Трафорд,имаше  негатива од 1-2 во финишот кои овозможуваа четврфинале,но Скомина досуди пенал  што го искористи Рашворд во 94 минута за финални 1-3  кои беа увертира во огромната прослава .Успехот на Јунејтед и менаџерот Солскјер имаат и поголема тежина затоа што Премирлигашот  настапи во Париз со  комбиниран состав во отсуство повредените првотимци.

Голема ноќ за Црвените Ѓаволи ја најави Лукаку со подарокот во 2.минута.Изедначи Бернат во 12-татат,а Лукаку повторно во 30 го совлада Буфон.Рашворд  беше сигурен од белата  точка за голем подвиг на Јунајтед.Тренерот Тухел,видно разочараа после  елиманцијата на  ПСЖ изјави им дадове два подарока бевме далеку подобри  на теренот,имаше и сомнителен пенал,ова е најбизарниот пораз во историјата.

Слично се чувстуваа и кај Рома.Претседателот Палота реагираше со соопштение за судењето,тренерот  Ди Франческо размислува за оставка.

Калчо лигашот допатува со предност од 2-1 кај Порто,но загуби со 3-1 после продолженија.Телез во 117 минута од пенал го постигна голот вреден четврфинале за Порто.Претходно во основниот дел, Тикињо погоди за 1-0 во 26 минута.Де Роси изедначи за Рома од пенал во 36  а за продолжение на домашните се избори Марега во 52-та.Манчестер Јунајтед и Порто им се приклучија на Ајакс и на Тотехнем кои претходно го минаа осминафиналето.Другите четвфиналсти ќе бидат познати после реваншите Јувентус-Атлетико,Манчестер Сити-Шалке,Барселона-Лион и Баерн Минхен-Ливерпул закажани за 12 и 13 март

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ