Јовески за Телма: На јавниот обвинител не му е местото да учествува во политички расправи

Местото на јавниот обвинител нe e да учествува во политичките разговори за носењето на Законот за ЈО, смета државниот обвинител Љубомир Јовески.

До колку се отвори стручна расправа по предлог Законот за јавното обвинителство, ако бидам повикан ќе учествувам во расправата и ќе го искажам своето стручно мисљење изградено во текот на моето работење во судството и обвинителството. Во делот за политички разговори во постапката за донесување на Законот, на јавниот обвинител на Република Северна Македонија не му е местото да учествува во вакви расправи, рече Јовески.

Претходно министерката Десковска го отфрли како неприфатливо барањето на ВМРО-ДПМНЕ на средбите да учествува и јавниот обвинител. Таа рече дека Јовески ќе биде поканет само на јавната расправа.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ