Јавен повик на Град Скопје за финансирање проекти од културата за 2019

Град Скопје објави јавен повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градот за 2019 година.

Заинтересираните може да поднесат предлози за поддршка на професионални, аматарески или младински проекти, манифестации и активности од областите: Изведбени уметности; Музички уметности; Визуелни уметности и уметност на новите медиуми; Издавачка и библиотечна дејност; Музејска дејност и промоција на културното наследство; Меѓународна соработка и Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

Право да учествуваат имаат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

– Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје кои се дадени во прилог на Јавниот повик објавен на официјалниот веб-портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, соопшти Град Скопје.

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности – Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје или на www.skopje.gov.mk.

Јавниот повик е објавен во дневниот печат и ќе трае до 15 октомври 2018. Дополнителни информации може да се добијат на  телефоните: 02 3297-324, 02 3297-289 и на електронската адреса  [email protected].

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ