Јавен обвинител ќе ја испитува апликацијата на СДСМ

Јавен обвинител од скопското јавно обвинителство ќе го истражува случајот со телефонската апликација на СДСМ, преку која од тимот на Гордана Сиљановска тврдат дека се собирале податоци за граѓаните.

На денешната средба во обвинителството им било ветено дека  случајот ќе се провери, но тие се сомневаат дека е веќе доцна затоа што институциите три дена не им го одземаа серверот на СДСМ, со што им е дадено време да ги уништат доказите.

Тврдат и дека бришењето некој тајно го снимал и го прикажал на социјалната мрежа твитер.

Премиерот вели дека ова се груби обвинувања на некој кој е свесен дека губи. Тврди дека нема ништо незаконско во апликацијата.

Од МВР кратко одговорија дека поднесената пријава од штабот на Сиљановска ја доставиле до основното јавно обвинителство. Вчера и од Државната изборна комисија ветија дека ќе го разгледаат случајот.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ