Јапонија и Бахреин ги совладавме: Следува вистинскиот тест за Македонија на СП

Македонија останува перфектна на Светското ракометно првенство и по денешната победа против Бахреин од 28-23 во рамки на 2.коло во групата Б. Лесно минавме со двата аутсајдери во групата и со голема самодоверба влегуваме во следните три пресметки против европските ривали Хрватска, Шпанија и Исланд.

Стартувавме силно на натпреварот со водство од 6-2, но Бахреин одговори со серија од 5-0 за да ја анулира нашата предност, откако Македонија не постигна гол повеќе од 10 минути. Црната серија ја прекина Кире Лазаров со гол од пенал. Ја вративме самодовербата, па се врати и предноста. Во последните минути влеговме со серија од 5-1, за на полувремето да имаме удобна предност од 12-8.

На почетокот на второто полувреме имавме и +6 или 15-9. На 15 минути до крајот веќе го скршивме противникот со водството од 22-14. Солидната предност му овозможи на селекторот Раул Гонзалес да им даде минутажа и на помладите па шанса добија Филип Чурлевски, Марио Танкоски, Горан Крстевски и Мартин Серафимов. Очекувано играта малку опадна, па на крајот Бахреин се избори за нешто попристоен пораз од 28-23.

Кире Лазаров со осум голови беше лидер на нападот на ;акедонија, Филип Кузмановски и Дејан Манасков погодија по четири пати, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа и дебитантите Филип Чурлевски и Мартин Серафимов.

Македонија утре во рамки на 3.коло во групата Б игра против Хрватска, додека последните два дуели ни се против Шпанија Исланд на 16, односно 17 јануари.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ