Јаневски: да запре недисциплинираното однесување

Граѓаните да држат дистанца и да не се движат во групи, а да излегуваат само по потреба, струмичкиот градоначалник доцна синоќа се упати со молба до струмичани. Во пораката тој вели дека не им апелира туку ги замолува да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките утврдени за заштита од ширење на кроонавирусот.

Од Свр Струмица велат дека  забраната за движење изминатите 24 часа ја прекршиле тројца граѓани, а против тројца граѓани од Валандово се поднесени кривични пројави поради истата причина.

Во секторот за внатрешни работи се евидентирани и пет нови лица кои се во самоизолација.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ